Тенисерки се степаа поради поздрав (ВИДЕО)
Тенискиот дуел помеѓу Катерина Себов од Канада и Американката Алисија Паркс на турнир во Лас Вегас за малку ќе завршеше со тепачка, поради поздрав.
Сенов триумфира со 6:0,7:6 по што Американката го фрли рекетот и тргна кон мрежата да се позрави со противничката. Двете тенисерки се ракуваа, но веднаш потоа Паркс ја загуби контролата и тргна кон Себов за да се пресмета со неа бидејќи сметаше дека таа пресилно и ја стегната раката при поздравувањето.
Судијата веднаш се обиде да ги одвои, а на теренот влета и таткото на американската тенисерка откако претходно имаше спектакуларен пад.
Што се случуваше на теренот погледнете во видеото.
OMG …Catfight in Vegas. (Via https://t.co/8BP7cNFqA1) pic.twitter.com/0N8rw9QaXA
— Paps (@DatGoneIt77) November 7, 2019