Тенисерката Серена Вилијамс: Не сум доволно платена и се чувствувам потценета

Instagram
Instagram

Серена Вилијамс (39) проговори за свите искуства како професионална тенисерка и призна дека се чувствува „недоволно платена и потценета“ во споредба со нејзините „бели“ колеги во спортот.

Таа во интервју за британскиот магазин „Vogue“ искрено зборуваше за различните стандарди меѓу мажите и жените, како и меѓу белците и афроамериканците во тенискиот свет.

Instagram

Серена Вилијамс која е поранешен број еден во женскиот тенис и има освоено 23 гремслем титули, изјави дека сакала да биде пример и мотивација за црнечката заедница, особено за жените.

Никогаш не сум била личност што велела: – Сакам да имам друга боја на кожата“, изјавила Серена.

Instagram

Ми се допаѓа тоа што сум, ми се допаѓа како изгледам и сакам да ги претставувам убавите темни жени во светот“, додава таа.

Серена ги споделила своите размислувања за движењето „Black Lives Matter“, по протестите против расмизмот што се одржаа низ целиот свет и беа предизвикани по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис во мај.

Во тоа време, Серена била пресреќна за одлуката на нејзиниот сопруг Алексис Оханин кој се повлекол од одборот на „Reddit“ и придобивките од акциите од компанијата ги донирал за потребите на афроамериканската заедница.

Коосновачот на „Reddit“ изјавил дека неговата одлука е инспирирана од нивната ќерка Олимпија (3), бидејќи тој сакал да го направи светот подобро место за живеење за неа и верувал дека треба да се заземе став повикувајќи на активизам во целиот одбор на „Reddit“.

Серена со сопругот Алексис / Instagram

Зборувајќи за системскиот расизам, Селена изјавила дека тоа било проблем за кој таа во текот на целата своја кариера јавно зборува и се обидува да ја подигне свеста.

Сега, ние како афроамериканци имаме глас – и техонологијата е огромен дел од тоа – гледаме работи што се криеле со години, работи низ кои ние како луѓе помиуваме“, објаснила таа.

Instagram

Ова се случува со години. Само што порано луѓето не можеа да ги извадат своите телефони и да снимаат“, истакнала Серена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот