Тенисерите разочарани од откажувањето на Вимблдон

Организаторите на најстариот грен слен турнир, Вимблдон, вчера и официјално го откажаа овогодинешното издание поради пандемијата на коронавирусот.

Од Ол Ингланд клубот порачаа дека 134. издание на Вимблдон ќе биде одржано од 28 јуни до 11 јули 2021 година.

Тенисерите веднаш реагираа на откажувањето на неофицијалното светско првенство во тенис,тие се разочарани од оваа одлука, но во исто време се свесни дека здравјето на луѓето на целата планета е највжано во овие моменти.

Не можам да ви опишам како се чувствувам. Не постои гиф со кој би го изразил тоа што го чувствувам по откажувањето. Едвај чекам да се вратам идната година – објави Федерер кој е рекорден со осум триумфи на Вимблдон.


И Серена Вилијамс која има 11 настапи во финалето и седум титули исто така е разочарана од ваквата одлука.
Потресена сум“, напиша 38-годишната Серена на Твитер.


Американката Били Џин Кинг која четири пати славеше на Вимблдон, смета дека одлуката за откажување на турнирот е логична.

Потполно ги разбирам организаторите и да поддржувам нивната одлука. Најважно во овие моменти е да го задржиме фокусот и вниманието на оние кај кои пандемијата највеќе влијае“, напиша американката на Твитер.


Жално е да се слушне дека Вимблдон нема да се одржи оваа година. Минатогодинешното финале засекогаш ќе остане еден од најсреќните моменти во мојот живот. Меѓутоа, сега поминуваме низ нешто што е многу поголемо од тенисот – изјави Халеп која е последна шампионка на Вимблдон.

Не само што е посебен турнир за мене, туку Вимблдон е дел од историјата. Ќе ми недостасува играњето на прекрасната трева и белата опрема. Но, сите знаеме дека ќе се вратиме идната година и ќе го цените уште повеќе – смета Петра Квитова, двојната шампионка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот