Тенисерите победија – нови термини поради високите температури

EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Тениските мечеви на Олимписките игри во Токио од утре ќе бидат преместени во попладневните часови со цел да се заштитат играчите од високите температури и големата влажност на воздухот.

Меѓународната тениска федерација објави дека од утре, мечевите ќе започнуваат од 15 часот по јапонско време, односно од осум часот по средноевропско време.
Како главна причини за оваа одлкука се наведени високите температури и големата влажност на воздухот кои го загрозуваат здравјето на тенисерите и тенисерките.

– Ова го направивме по консултациите со ИОК, организацискиот одбор, носителите на ТВ правата, со судиите, докторите и пред се со играчите – објави ИТФ.

Претходно ИОК им дозволи на тенисерите и тенисерките да земат пауза од десет минути поради високите температури и влагата која која е пристуна во Токио.

Вториот тенисер на АТП ранг листата неколку пати за време на мечот со Фабио ФОњини се жалеше на високите температури, додека шпанската тенисерка Паола Бадоса го напушти теренот во количка откако доживеа топлотен удар.

ВИДЕО: Шпанска тенисерка го предаде мечот во Токио поради топлотен удар

ВИДЕО | Медведев ги критикуваше организаторите: Кој ќе биде виновен ако умрам на теренот?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот