-1 C
Скопје

Тенисерите на Австралија Опен ќе тренираат под надзор на полиција?!

Тенисерите и тенисерките по доаѓањето во Австралија ќе мора да бидат во двонеделен карантин, но за тоа време ќе можат да тренираат, тврди еден од водителите на грен слем турнирот во Мелбурн, Брет Филипс.

Филипс исто така тврди дека на тенисерите ќе им биде дозволено да го напуштат хотелот и да тренираат, но за тоа време ќе бидат под надзор на полицијата во сојужната држава Викторија.

– Тоа што го сфатив е дека играчите ќе мора да бидат во карантин од 7. до 21. јануари и дека ќе тренираат под надзор на полицијата. Стартот на Австралија Опен би требало да биде на 25. јануари или 1. февруари, но оваа одлука треба да биде потврдена како и одлуката за квалификациите и турнирите кои традиционално се играат – открива Филипс.


Според првичниот план, Австралија Опен требаше да започне на 18. јануари, но се појавија шпекулации дека е можно одложување за февруари или пак март.

Прочитајте и...  Сензација на „Олд трафорд“, фенерџијата го сруши Јунајтед

Титулите во машка и женска конкуренција треба да ги бранат, Новак Ѓоковиќ и Американката Софија Кенин.

Поврзани вести

Футсал: Босанците сакаат победа против Македонија

Слободен печат

Сензација на „Олд трафорд“, фенерџијата го сруши Јунајтед

Слободен печат

ВИДЕО: Јувентус си обезбеди полуфинална пресметка со Интер во италијанскиот Куп

Слободен печат

Европскиот и светскиот првак ќе играат меѓу себе, Франција по продолжението во полуфинале

Слободен печат

Реми на Тухел на дебито на клупата на Челси

Слободен печат

Озил ги фрли Турците во транс: Никогаш повеќе Бундеслига, никогаш повеќе Германија

Слободен печат

Остави Коментар