Тенисерите Мектиќ и Павиќ и донесоа ново злато на Хрватска

EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Мате Павиќ и Никола Мектиќ потврдија дека моменто се најдобриот дубл на светот. Тие во хрватското финале на олимпискиот турнир во Токио беа подобри од сонародниците Марин Чилиќ и Иван Додик со 6:4,3:6,10:6.

По загубениот втор сет, Павиќ и Мектиќ освоија шест поени по ред во супер тајбрејкот и така го решија прашањето околу победникот и освојувачот на златниот медал. Ова е втора голема титула за Павиќ и Меткиќ кои претходно славеа и на Вимблдон.

Хрватска по осмиот наптреварувачки ден на Игрите во Токио дојде до бројката од шест медал, три златни, еден сребрен и два бронзени медали.

Во мечот за третото место, Мајкл Винус и Маркус Даниел од Нов Зеланд со 7:6,6:2 ги победија Американците Остин Крајичек и Тенис Сандгрен.

Видео на денот