Тенисер збесна и урлаше на судијата за одземениот гем затоа што заминал во тоалет

Турнирот во Санкт Петербург денеска поминат во знакот на скандалот кој го „режираа“ белорускиот тенисер Илја Ивашка и главниот судија.

Илјашка со 2:0 во сетови го совлада Французинот Адријан Манарино, но резултатот и играта најмалку ќе се паметат бидејќи на средината од вториот сет Белорусинот збесна и буквално урлаше на главниот судија притоа заканувајќи се дека нема да игра.

При резултат 3:2 во гемови за Манарино, Ивашка побара од судијата да му дозволи да оди во тоалет. Судијата му даде дозвола но го предупреди да биде побрз, а откако Белорусинот се врати на теренот беше известен дека е казнет бидејќи задоцнил.

Тука Ивашка збесна бидјеќи мислеше оди користел медицински тајм-аут од пет минути, а не време од три минути.

Побарав медицински тајм-аут, не го користев своето време – рече Ивашка.
Времето за медицински тајм-аут не може да се користи за тоалет. Јас само ги следам правилата- му одговори судијата по што продолжи расправијата помеѓу нив двајца.


Кои правила? Тоа не е нормално. Како е можно ова? Казна за одење во тоалет? Не сакам да играм бидејќи ова е смешно – урлаше Ивашка кој потоа доби тројна казна што значеше загуба на гем.
– Никој ништо е**но не ми кажа – ја заврши расправијата Белорусонот кој веднаш направи брејк и израмни на 4:4, а го доби сетот во тај-брејкот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот