Тенисер суспендиран на осум години за местење натпревари!

фото: твитер

Тениската единица за интегритет во вторникот соопшти дека шпанскиот тенисер Енрике Лопес Перес е суспендиран на осум години, и во тој период нема право да игра, ниту да присуствува на тениски натпревари. Тој исто така е парично казнет со 25.000 американски долари.

29-годишниот Шпанец имаше најдобар пласман во кариерата во текот на 2018 година, кога беше 154 играч во светот.

Тој беше суспендиран поради местење натпревари во три различни случаи во текот на 2017 година.

– Дисциплинската постапка ја водеше официјалното лице од одделот за борба против корупција, Ричард Мекларен.

Тој утврди дека Енрике Лопес Перес ги прекршил правилата во три случаи, два дополнителни случаи на кршење на антикорупциските правила за кои е обвинет не се докажани – се вели во соопштението на Единицата за тениски интегритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот