Тенисер признава: Ми понудија 100.000 долари за да загубам на Австралија Опен

twitter/Tennis World USA

Украинецот Сергеј Стаховски вели дека во 2009 година добил понуда намерно да загуби на Австралија Опен.

Стаховски открива дека му биле понудени 100.000 долари за да загуби во првото коло од Австралија Опен во 2009 година кога се сретна со францускиот тенисер Арно Клемон.

Кога бев на Австралија Опен ми беа понудени 100.000 долари за да загубам во првото коло од Клемон. Две лица кои биле поддржувани од „инвеститори“ ми пријдоа и ми понудија да загубам. На крајот го загубив дуелот иако водев со 2:1 во сетови но не поради понудатата туку Клемон беше подобар од мене – открива Стаховски.

Украинецот вели дека случајот веднаш го пријавил во тогаш новоформираното одделение за тениски интегритет чија главна цел е борба против корупцијата во тенисот.

Ме прашаа кој ми понуди пари, а јас им одговорив: Дали можете да го заштитите моето семејство? Бидејќи тој човек беше обичен пион, луѓето што се над него се опасни – додава Стаховски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот