ТЕНДЕНЦИОЗНО ОШТЕТЕНИ инструментите за рано предупредување од поплави на Вардар! (ФОТО)

Вандализираната хидролошка станица кај Сараќино / Фото: УХМР

Овие инструменти се многу важни за рано предупредување од поплави.

Непознати лица деновиве ја оштетиле хидролошката станица поставена на Вардар кај тетовското село Сараќино, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Вандализираната хидролошка станица кај Сараќино / Фото: УХМР

„Минатата недела, наша екипа ја посети станицата во Сараќино со цел да утврди зошто нема податоци на нашата интернет страница, при што беа забележани оштетувања на инструментот… Хидролошката станица Саракинци е донација од UNDP и е поставена како дел од проектот за рана најава и предупредување од поплави во горнуот дел на р. Вардар. За жал, често се случува хидролошките станици да бидат мета на вандали и да бидат оштетувани или уништувани, како што е случајот со оваа станица. На фотографиите се забележува дека станицата намерно е оштетена и со тоа е спречено нејзиното функционирање. Буџетот на Секторот за хидрологија за одржување на станиците е лимитиран и не сме во можност ваквите оштетувања самостојно да ги надоместиме“, напиша Васко Стојов од УХМР на официјалната фејсбук-фан страна.

Вандализираната хидролошка станица кај Сараќино / Фото: УХМР

Стојов истакнува дека вакви хидролошки станици за рано предупредување од можни поплави се поставени долж сливот на Вардар во селата Балин Дол, Јегуновце, Радиовце, Тераце, Лакавица, Неготино, Боговиње и Орќуше и Сараќино се донација од УНДП, истакнувајќи дека инструментите се многу важни за рано предупредување од поплави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот