Тен Хаг: Не мислиме на Сити и Тотенхем, мораме да уживаме

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Ајакс по елиминацијата на Реал Мадрид во осминафиналето, вчера направија уште една, поголема сензација, го елиминираа главниот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, Јувентус.

– Многу сум среќен, не се работи за мене, не се работи за Ајакс, се работи за екипата. Горд сум на тимот, на моите соработници, до големата победа дојдовме сите заедно како тим. Добро ги организиравме нападите но тешко беше да се ослободиме од притисок на Јувенстус. Моравме да преживееме вистинска „бура“ од нивните напади – изјави Тен Хаг.

Ајакс на крајот славеше со 2:1, со головите на Ван дер Бек и на Де Лихт и на големо воодушевување на фудбалска Европа обезбеди пласман во полуфиналето каде ги очекува подобриот од вечерашната пресметка меѓу Манчестер сити и Тотенхем. Сепак, Тен Хаг не сака да зборува за полуфиналето.

– Зар морате да ме прашувате за тоа кој ќе ни биде следен противник? Мораме да уживаме во големата победа бидејќи го заслуживме тоа. Овој тим постојано расте и секој ден ги поместува границите. Едвај го чекаме наредниот предизвик – вели Ерик Тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот