Тен Хаг ги казни фудбалерите на Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг со вонреден тренинг ги казни своите по поразот од Брентфорд со резултат 4:0 во рамките од второто коло на Премиер лигата, пренесуваат британските медиуми.

Клубот од „Олд Трафорд“ ја започна новата сезона со два порази од Брајтон и Брентфорд. Холандскиот стручњак ги обвини фудбалерите за неуспесите и ги повика да преземат одговорност.

Тен Хаг одлучил да го откаже слободниот ден, кој беше закажан за недела. Менаџерот на Јунајтед ги казни играчите со тоа што вчера ги натера да истрчаат 13,8 километри.

„Скај спорт“ потсетува дека фудбалерите на Брентфорд збирно истрчале 13,8 километри повеќе од „црвените ѓаволи“ на дуелот помеѓу двата клуба.

Во следното коло, на 22 август, составот на Тен Хаг на домашен терен го очекува дербито против Ливерпул.

По двата порази Тен Хаг размислува за заминување, управата на Јунајтед го излажала?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот