Тен Хаг: Фудбалот е суров

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Екипата на Ајакс доживеа болна елиминација од Тотенхем во полуфиналето на ЛШ, со голот на Моура во последната секунда од натпреварот. Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, кој е еден од најзаслужните за одличните игри на екипата која до пласманот во полуфиналето елиминира два гиганти, Реал Мадрид и Јувентус, е разочаран што фантастичната сезона не ја крунисаа со пласман во финалето.

– Им кажав на играчите дека е тешко да се најдат вистински зборови во овие моменти, како и дека фудбалот може да биде суров. Ова е суровата страна на фудбалот која моравме да ја почувствуваме. Ваков пораз не може да се преболи за неколку часа или денови. Тоа нема да го барам од овие момчиња. Бевме многу блиску – рече Тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот