Тен Хаг бесен на Роналдо: Тоа повеќе не смее да се повтори!

фото: EPA-EFE/Stian Lysberg Solum

Манчестер јунајтед во неделата го одигра последниот контролен натпревар против Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, а Кристијано Роналдо ја предводеше групата играчи кои го напуштија стадионот пред крајот на натпреварот.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг денеска изјави дека такво нешто е неприфатливо и не смее да се повтори.

– Не е само Роналдо, неколку играчи заминаа во текот на вториот дел. Секако дека такво нешто е неприфатливо. Ние сме тим, ние сме колектив. Секој играч мора да остане до крајот – рече Тен Хаг.

Ќе видиме како тоа ќе се одрази на Роналдо и на останатите играчи кои се во составот на холандскиот стратег. Но, едно е сигурно, ветровите сè уште дуваат од сите страни во Јунајтед и Тен Хаг има тешка работа пред него да воспостави контрола.

Првиот меч во новата премиерлигашка сезона Јунајтед ќе го има на 7 август на домашен терен против Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот