Темни предвидувања на шефот на француската дипломатија: Најлошото е пред нас, ова ќе трае долго

Жан-Ив ле Дриан
Жан-Ив ле Дриан / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Ние сме „соочени со ѕид“ и „војната ќе биде долга“, изјави денеска францускиот министер за Европа и за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, за Франс Интер.

Како што јави дописникот на МИА, Дријан истакна дека е песимист и оти најлошото е пред нас. Запрашан за нападот врз воената база Јаворив во близина на Лавов, при што загинаа најмалку 35 луѓе, тој оцени:

„Никаде во Украина денес не сме безбедни од бомби. Украина е под оган од руските сили“.

Одговарајќи на прашањето дали е можно да се воведе ембарго за увоз на руски гас и нафта, Дријан посочи дека „нема табу-теми“ и оти „сè е на маса“.

Министерот за надворешни работи предвидува дека оваа војна ќе има последици и врз француската економија.

„Се наоѓаме во многу тешка ситуација. Мора да ги контролираме енергетските трошоци“, наведе шефот на француската дипломатија, кој додаде дека руско-украинските преговори се блокирани од максималистичките барања на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот