ТЕМНАТА страна на гламурозната свадба на Рамос

Фото: Инстаграм

Свадбата на Серхио Рамос и Пилар Рубио минатата недела, која многумина ја нарекоа свадба на годината, но гламурозна забава на која имаше околу петстотини гости, имаше темна страна. Срамота, ако вистината е она што се зборуваше во телевизиската емисија „Салваме“ на шпанската телевизија.

Имено, организаторите на свадбата кон персоналот се однесувале како кон робови, а информацијата на новинарите им беше потврдена од страна на една жена чиј идентитет, веројатно, ќе остане непознат за јавноста.

Причината за тоа е договорот кој била принудена да го потпише со организаторите, во кој се наведува дека ќе биде казнета со стотици илјади евра ако открие какви било детали од свадбата.

– Ме третираа како куче и имаше понижувачки моменти. Сите не натераа да се соблечеме во ист шатор, и мажите и жените, па така голи се чувствувавме засрамени едни пред други. Поминавме многу часови без храна и пијалоци, а првиот оброк го добивме околу три наутро. Ни ги дадоа остатоците од храната на гости – вели жената, која работела за 10 евра на час.

Работничката одби да ги обвини Рамос и Рубио и додаде дека таа се сомнева дека младоженецот и невестата ќе дозволеле такви работи само ако знаеле што се случува зад сцената.

– Никогаш не сум работела во такви ужасни услови – додаде на крајот незадоволната работничка, со акцент дека еден од супервизорите за протоколот бил особено груб.

Новинарите на емисијата „Салваме“ дојдоа до договорот потпишан од сите работници, кој предвидува казни во случај на истекување на доверливи информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот