Темелковски: Жителите на К. Вода главно ги почитуваат мерките, полицискиот час до сега со неколку прекршоци

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска, информираше дека локалната самоуправа изминатиот период соработува детално со сите институции од центраната власт во борбата со Ковид 19.

Тој вели жителите на Кисела Вода главно се почитуваат мерките од страна на Владата, а полицискиот час главно до сега поминал со неколку мали прекршоци, главно бидејќи при првиот ден граѓаните не биле доволно информирани.

Градоначалникот потенцира дека во неговата општина во овој период на вонредна состојба, редовно се дезинфицираат јавните површини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот