Темелковски: Архивата на Општината на безбеден начин ќе прима предмети од странки секој работен ден од 8 до 16 часот

Вработен во Општина Кисела Вода е заразен со вирусот Ковид-19, а неколку негови колеги се во изолација.

На состанокот од страна на членовите на кризниот штаб беа разгледани можните ризици заради настанатата ситуација, а беа донесени и важни препораки како за вработените така и за жителите на Општината.

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека од Центарот за јавно здравје се добиени препораки за понатамошно постапување.

-Архивата на Општината на безбеден начин ќе прима предмети од странки и истата непречено ќе работи секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Локалната самоуправа за своите вработени набави и им подели заштитни маски кои ќе биде потребно задолжително да ги носат во своите канцеларии, изјави Темелковски.

Ќе продолжи дезинфекцијата во општината.

-Дезинфекцијата на општинските канцеларии, влезовите станбените згради, автобуските постојки, градинките и училиштата ќе продолжи да се одвива, како и во зградите во кои живее некој заболен или пак каде што има лица во карантин, додаде Темелковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот