Тематско обраќање на Бајден до нацијата: Состојбата на американската економија и нејзините перспективи

Фото: EPA-EFE/OLIVIER DOULIERY / POOL

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден денеска планира да одржи говор посветен на економијата на САД. Обраќањето, што ќе биде неговата родна држава Делавер, е едно од серијата на негови постизборни говори што ќе биде поврзано со проблемите со кои се соочува земјата

Според неговиот тим за транзиција, и Бајден и Камала Харис, сенатор од Калифорнија и потпретседателка на САД, пред обраќањето во Вилмингтон, Делавер, ќе бидат брифирани околу економијата. 

– Во својот говор Бајден ќе се фокусира на економската обнова и на производството во САД во долгорочна перспектива, изјавија од неговиот тим, пренесе „Вашингтон пост“

Од друга страна претседателот Доналд Трамп нема закажано настани за денеска. Единствениот настан соопштен од Белата куќа е ручек со потпретседателот Мајк Пенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот