Тематски воз „Опашки и шепи“: Московското метро обезбеди засолниште за речиси 200 кучиња и мачки

Фото: EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Возот „Опашки и шепи” на метрото во Москва за еден месец им помогна на речиси 200 кучиња и мачки да најдат сопственици, соопшти Одделот за транспорт во рускиот главен град.

На почетокот на минатиот месец започна со работа онлајн платформа на тематскиот воз „Опашки и шепи” и речиси 200 кучиња и мачки од разни засолништа пронајдоа свој дом. На тој начин, за нив ноември стана најтоплиот месец, коментира Одделот на својот профил на „Телеграм“.

Во вагоните на возот се поставени фотографии од кучиња и мачки со ОР-код на миленичето кое бара дом. Кога животното ќе најде сопственици, под фотографијата се појавува натпис „Јас сум веќе дома”.

Возот со фотографии на животните ќе сообраќа по една од линиите на метрото во следните шест месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот