Телото на Мушараф пренесено во Пакистан

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Телото на поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф денеска е пренесено во Пакистан каде ќе биде погребан, соопштија локалните власти.

Мушараф (79) почина вчера по долго боледување во болница во Дубаи, во самонаметнат егзил што траеше со години.

Тој ќе биде погребан на воените гробишта во јужниот пакистански град Карачи утре попладне по погребна молитва, соопшти неговото семејство.

Мушараф беше на чело на Пакистан во времето на американската интервенција во Авганистан, а многумина во земјата и во регионот го критикуваа и го нарекуваа „американски послушник“, поради блиските врски со администрацијата на тогашниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот.

Почина поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот