2 C
Скопје

Телото на мртвиот Чарли Чаплин било украдено од неговиот гроб: На Уна ѝ барале 600.000 долари за да го вратат

Славниот комичар Чарли Чаплин умре на Божиќ 1977 г. на 88 години. Веста за неговата смрт растажи многу негови фанови низ целиот свет, а исто така и настаните што следеа.

Три месеци по погребот некој го украл телото на славниот комичар од гробницата во Швајцарија.

Се испоставило дека телото било украдено од страна на Роман Вардаса и Ганчo Ганев, полски и бугарски автомеханичари, со цел да добијат пари од вдовицата на Чаплин, Уна О`Нил.

Прво, на Уна ѝ стигнало барање за откуп на телото. Сумата изнесувала 600.000 долари, а она што уценувачите не го очекувале била нејзината реакција. Кога Уна слушнала колку бараат, рекла дека нејзиниот сопруг „би мислел дека нивното барање е смешно“.

Прочитајте и...  Работа од дома: Дали носењето пижами може да влијае на продуктивноста?

Полицијата сакала да постави стапица за уценувачите при наводното плаќање на откупот, но крадците не се појавиле на договореното место. Била потребна нова тактика. Полицајците почнале да го прислушкуваат телефонот на Уна, и биле надгледувани околу 200 телефонски говорници во близина на куќата на Уна.

Истрагата траела пет недели и конечно дала резултати. Во големата полициска акција, полицијата успеала да ги уапси крадците и да го пронајде ковчегот со телото на глумецот. Криминалците го закопале ковчегот на поле во близината на семејната куќа на Чаплин во Корсиер.

Единаесет недели по кражбата, телото било вратено во гробницата во близината на Женевското Езеро во Швајцарија.

Овој пат, сандакот бил ставен под слој дебел бетон за да се спречат и други кражби.

Прочитајте и...  Низ Северна Македонија „шетаат“ 20 мутации на коронавирусот

Поврзани вести

Нема поточен хороскоп од тибетскиот: 5 хороскопски знаци кои ќе имаат многу среќа во 2021 година!

Слободен печат

Ен Хатавеј: Злобните коментари од луѓето ми помогнаа во животот

Слободен печат

ВИДЕО | Обожавателите дури сега забележаа: Во една од епизодите на „Пријатели“ се појавува некој посебен

Слободен печат

Џудо-тренерот од Прилеп барал да сведочи на полиграф, не му дозволиле

Мирослава Бурнс

ВИДЕО | Домашен трик кој ќе ви го промени животот: Од истуткана облека до совршено испеглани парчиња без да ја допрете пеглата!

Слободен печат

Тања Кармзова Костиглиола, нашинка во Франција: И тука побарувачката за вакцини е огромна, а ресурсите се ограничени

Јасмина Кантарџиева Димков

Остави Коментар