Телото на маж е пронајдено во стан девет години по неговата смрт

Полицијата верува дека човекот починал во април 2011 година, врз основа на амбалажата од млеко и писмото пронајдено во неговиот стан.

Телото на маж е откриено во стан во Осло девет години по неговата смрт, објави норвешката полиција. Телото го открил домар.

Човекот чие тело е пронајдено имал 60 години, се оженил неколку пати и имал деца. Соседите рекле дека тој бил повлечен. Тие кога престанале да го сретнуваат во зградата помислиле дека се преселил или бил сместен во институција.

Телото е пронајдено кога домарот побарал од полицијата да го отвори станот за да може да изврши работи на одржување во станот.

Полицијата верува дека човекот починал во април 2011 година, врз основа на амбалажата од млеко и писмото пронајдено во неговиот стан. Аутопсијата покажала дека тој починал од природна смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот