Телото на 45-тата жртва е во просторот од автобусот кој е најмногу изгорен, вели Јовески

img alt
Љубомир Јовески/ Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Телото на 45-тата жртва е во просторот од автобусот кој е најмногу изгорен, изјави државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески околу денешното пронаоѓање на 45-та жртва во несреќата во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

-Тоа е помладо лице. Не може да се каже дека е најдено на седиште или под, со оглед дека целата внатрешност беше изгорена. Силината на оганот придонела делови на возилото да бидат деформирани, освен просторот каде што се наоѓал моторот, информира Јовески.

Според него местото не било видливо со оглед дека тој дел од автобусот бил најмногу изгорен.

Тој додава дека кога се пристапило кон испитување на внатрешноста на автобусот, тогаш се пронашло телото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот