11 C
Скопје

Телото ги разоткрива: 12 чудни симптоми поврзани со високо ниво на стрес

Не страдате од несоница, срцето ви работи како што треба, немате главоболки, па сигурни сте дека стресот го држите под контрола…. (Но) постојат и симптоми кои можеби до денес не сте ги поврзувале со стресот, а експертите сметаат дека токму тие можат да го разоткријат:

САМО САКАТЕ ДА СПИЕТЕ.

Дали некогаш сте биле преплавени со емоции, така што едноставно сте почувствувале потреба дека мора да отспиете? Можно е да сте биле само изморени, но тоа може да биде и показател дека сте под голем стрес. Заморот како последици на стресот се јавува како одговор на организмот на кој едноставно му треба оддишка, пауза. Според истражувањата, 32 отсто од луѓето го доживуваат овој симптом кога се под стрес.

Исклучителен замор како последица на стресот може да се јави во физичка форма, како штотуку да сте истрчале пет километри, или, пак, како когнитивен замор, еднаков на оној што се јавува по тежок состанок со надредените.

ОДИТЕ ТАМУ КАДЕ ШТО ЌЕ ВЕ ОДНЕСЕ ДЕНОТ…

Уште еден симптом на стресот е желбата да соработуваме или да се потчиниме на нешто што ни претставува закана, објаснуваат психијатрите, и додаваат дека таквата реакција не е невообичаена. Пример може да биде провалник на кого ќе му дадете сѐ што ќе посака само за да не ве повреди. „Потчинувањето“ и „послушноста“ не се случуваат само во вакви сериозни ситуации, може да се рефлектираат на секојдневниот живот – луѓето честопати ги прикриваат своите создадени емоции за да го избегнат дополнителниот стрес

ЕМОЦИИТЕ ВЛАДЕАТ СО ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Кога во исто време доживувате повеќе емоции, како лутина, фрустрација, страв и осаменост, вашиот организам страда. Можеби тешко дишете, мислите ви се хаотични, не можете на ништо да се фокусирате, ве мачат грижи и случувања од минатото… Може да се каже дека едноставно сте преплавени со емоции.

Прочитајте и...  Доколку од заразите не ви е преку глава, пристигнува нова серија за Бубонската чума

Преплавеноста со емоции значи силна емоционална реакција во секој момент кога личноста мисли дека нема капацитет за да одговори на ситуацијата како што треба. Важно е да научите како да се фокусирате на она што во моментот се случува, а не на мислите за тоа како во минатото не сте изреагирале добро на стресната ситуација, појаснуваат психотерапевтите.

НЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ МРДНЕТЕ

Во стресни ситуации понекогаш се чувствуваме парализирано, не можеме да се подмрднеме, тешко го контролираме дишењето и чувствуваме како да сме заглавени во место. Кога сме во ситуација која може да биде опасна по живот, често организмот одговара така што ќе се „блокира“ за да се одбрани. Но, тоа може да се случи и кога се во прашање ситуации кои не се опасни по живот, туку и кога се чувствуваме беспомошни.

БОЛКИ ВО ГРБОТ

Хормоните кои вашето тело ги произведува за време на стрес го зголемуваат пулсот, крвниот притисок и ги затегнуваат мускулите. Болките во грбот се очекувана појава кога сте изложени на стрес, особено ако вашето работно место ви наложува седење и работа на компјутер.

Вежбите се најдобар лек. Трудете се да станувате и да се раздвижувате на секој еден час, протегнете го телото и издвојувајте макар половина час во текот на денот за пешачење.

ВИ СЕ ЧИНИ ДЕКА ЌЕ ИЗГУБИТЕ СВЕСТ

Ако епизодата на стрес е проследена со вртоглавица или зашеметеност во главата, можно е да изгубите свест. Психолозите наведуваат дека тука станува збор за реакција на стресот, форма на посттравматско стресно нарушување (ПТСП), како резултат на долготрајниот стрес кој секогаш е многу интензивен, а организмот посакува да се „исклучи“ за да „преживее“. Многумина од нас едноставно научуваат да се исклучат кога ќе доживеат голем стрес, а тука може да станува збор за научено однесување.

Прочитајте и...  Се роди бебе од 27 години стар ембрион: Две години е помладо од мајката!

ВЕ БОЛИ ЦЕЛОТО ТЕЛО

Штом се разбудите, чувствувате болка во целото тело како претходниот ден да сте трчале маратон или како да сте работеле тешка физичка работа, а, всушност, сте лежеле цел ден? Физичката болка, исто така, може да биде манифестација на стресот, а тука се и главоболката, желудочните проблеми и болката во мускулите. Ако тоа ви се случува, поразговарајте со стручно лице, бидејќи факт е дека сте под преголем стрес.

ЈАДЕТЕ СЕ ШТО ИМАТЕ ДОМА

Дека стресот може да предизвика прејадување, на сите им е познато. Јадењето поради тоа што сме под стрес стана вообичаен механизам кога се бориме со притисокот, но тоа не е нималку здрав начин на однесување во стресни ситуации. Психолозите нагласуваат дека ако таквото однесување не се контролира, може да доведе до нарушување во исхраната и до сериозен здравствен проблем.

ДИГЕСТИВНИ ПРОБЛЕМИ И ПРЕМНОГУ ЧЕСТО ОДЕЊЕ ВО ТОАЛЕТ

Мозокот и цревата се поврзани повеќе отколку што мислите. Тие комуницираат, а доказ за тоа се вашите физиолошки потреби. Кога сте под стрес, почесто ќе имате потреба да одите во тоалет. Причината е нервниот систем во цревата кој е поврзан со мозокот и кога сте вознемирени или во страв, тој е поактивен, што предизвикува грчење на цревата.

Прочитајте и...  Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Чорба од компир и таан (РЕЦЕПТ)

ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ

Зуењето во ушите или медицински кажано тинитус, честопати нема причина во самите уши, туку во амигдалата – делот во мозокот кој управува со реакциите на стрес, но исто така, помага и во процесирањето на звукот, што значи дека стресот може да предизвика зуење во ушите.

ЗГОЛЕМЕНО ЧУВСТВО НА МИРИС

Дали сте забележале дека одреден мирис може нагло да ги разбуди долго заспаните спомени и сеќавања? Ова е затоа што деловите на мозокот што ги обработуваат мирисите и емоциите се тесно поврзани. За некои луѓе, емоционалниот стрес може со себе да донесе зголемена чувствителност на мириси. Хормонот на стрес ве доведува во хиперсензитивна состојба заради нагонот за преживување, а што значи дека ќе можете подобро да ги чувствувате мирисите, можеби и појасно да ги слушате и да ги распознавате боите. Вашите сетила кога се под стрес, дополнително се активираат.

Важно е да го слушате телото и да се почитувате неговите потреби. Ако ви праќа некои од гореспомнатите симптоми, немојте да се изненадите, туку забавете го темпото. Направете нешто убаво за себе, угодете си, опуштете се.

ЗГОЛЕМЕНА ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА БОЛКА

Познато е дека стресот предизвикува напнатост во мускулите и вкочанетост на телото, што резултира со болка, но помалку е познато дека и самата чувствителност на болка, односно прагот на болка, е одредена од стресот. Ако сте напнати, прагот на болка ќе биде понизок. Научниците веруваат дека тоа се должи на хормоните. Стресот го намалува лачењето и ефектот на хормоните кои му помагаат на телото да се справи со болките, односно да ги ублажи болките.

Поврзани вести

Мајли Сајрус прозборе за разделбата со нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт

Слободен Печат

ФОТО| Мишел Фајфер стана црвенокоса! Нејзината трансформацијата предизвика бура на интернет

Слободен печат

Здраво и вкусно: За што се добри какаото, циметот и каранфилчето?

Слободен печат

Канје и Ким ги претставија новите влечки кои станаа предмет на потсмев на социјалните мрежи

Слободен Печат

ВИДЕО| Кој е жртва? Позната манекенка смртно го избодела сопругот откако тој дома ја донел љубовницата

Слободен печат

CLEAN PHASE – најдобар избор за самоуверена кожа!

Слободен печат

Остави Коментар