Тело на жена пронајдено на брегот на Вардар во Зелениково

Вливот на Лепенец во Вардар / Фото: Јутјуб/принтскрин

Вчера во Зелениково, на брегот на реката Вардар, било пронајдено тело на почината жена, соопшти МВР.

„На 09.05.2022 во 11.22 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на брегот на р.Вардар во с.Зелениково, скопско, било пронајдено тело на женско лице. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Г.Н.(71) од с.Банско, струмичко“, се вели во полицискиот билтен.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот