Тело на мртва жена најдено во стан во Велес, соседите пријавиле непријатна миризба

Тело на почината 66-годишна жена било најдено денеска на пладне во стан на улица „8 Септември” во центарот на Велес, во таканаречената Свиларска зграда, кај поранешна библиотека. Телото било најдено откако во полиција реагирале соседите поради неподнослива миризба која почнала да се шири од станот на жената, која живеела сама.

– Полицијата ја повикала екипата на Територијалната противпожарна единица од Велес која ја скршила бравата и влегла во станот каде било најдено безживотното тело на жената, информира за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појасни дека била повикана медицинска екипа на Брза помош која констатирала смрт без траги на насилство.

Како што информира за МИА обвинителката Гордана Тодорова од ОЈО, по нивно овластување екипа на СВР Велес, не се констатирани траги на насилна смрт, поради што телото на починатата жена не било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот