Тело на мотоциклист по 79 дена најдено во канал! Неговата баба во шок: Не знам што се случило!
Момче од Меленци, Србија мистериозно исчезнал на 4 јули, а потрагата по него е завршена вчера, откако на влезот во тоа место е најдено неговото тело.
Телото на Мирослав Армацки е најдено на 500 метри од влезот на Меланци во каналот покрај патот.
Покрај момчето се наоѓал и моторот кој го возел кога му се изгубила секаква трага.
Засега не се исклучува можноста дека слетал моторот во канал и загинал, но можно е и да се удрил со некое возило, по што слетал во каналот.
Бабата на настраданиот Мирослав за Курир.рс изјави дека не знае што точно се случило.
„Знаеме само дека се пронајдени тој и моторот и дека телото сега е на обдукција. Тоа не се случило близу нашата куќа, туку 500 метри пред влезот во Меленци“, кратко изјавила бабата.
Во потрага по момчето која траела скоро три месеци учествувале и дронови, авиони како и повеќе десетина доброволци и членови на семејството.