Тело на маж е пронајдено во атар на село близу Ниш

Телото ќе биде испратено до Институтот за судска медицина за обдукција.

Жител на нишката насечба Паси Полјана, пронашол тело на човек во својата нива. Истражителите претпоставуваат дека станува збор за 69-годишниот Србо В., кој исчезна на 5 февруари годинава.

Зетото на исчезнатиот Сбо В. за српските медиуми потврдил дека роднините го идентификувале трупот, главно според облеката.

Полицијата од Ниш потврди дека вчера околу 15 часот е пријавеои дека е пронајдено тело на непознат маж. Веднаш било известено Вишото јавно обвинителство, а телото ќе биде испратено до Институтот за судска медицина за обдукција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот