Телевиса пресента: Сега Мауро Икарди и постави четири услови на Ванда Нара, последниот е урнебесен

Ванда Нара и Мауро Икарди продолжуваат да ја забавуваат јавноста/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Аферата која во последно време ја забавува фудбалската и спортската јавност доби нов заплет, Ванда Нара му го прости наводното неверство на Мауро Икарди со аргентинската актерка Еухениа Суарез, но сега фудбалерот стапи на цена.

Имено, аргентинската новинарка Јанина Латоре открива дека Икарди и поставил четири услови на Ванда Нара доколку сака да ја продолжи кариерата во ПСЖ.

Фудбалерот се врати на тренинзите по дводневното отсуство кое го доби за да си го спаси бракот.
– Почнаа да разговараат. Денеска Ванда го однесе на тренинг, а претходно Мауро и постави услови на сопругата за да се врати во екипата – објаснува Јанина Латоре.

Мауро и поставил четири услови на сопругата Ванда за да се врати на тренинзите на ПСЖ, а тие се: да го затвори профилот на Инстаграм, да се посвети на работата, односно да се грижи за неговата кариера, да престане да биде инфлуенсерка, а најбизарниот услов е – да не патува сама со приватниот авион.
– За возврат, Мауро вети дека ќе и се заколне на вечна љубов – објави аргентинската новинарка.

Крај на сапуницата: Ванда му прости на Мауро Икарди

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот