Телескопот на НАСА откри нови неверојатни снимки од вселената

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

„Џејмс Веб“ е најмоќниот вселенски телескоп некогаш изграден и веќе има произведено мноштво податоци и зачудувачки слики.

Последната фотографија од телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА открива ново небесно дело кое во својот облик многу потсетува на песочен часовник составен од портокалова и сина прашина што се исфрла од новосоздадена ѕвезда во неговиот центар, пишува „Гардијан“.

„Околниот црн диск што е речиси голем колку нашиот соларен систем ќе ја храни со протоѕвездата со материја се додека таа евентуално не стигне до ‘прагот за почеток на нуклеарна фузија’“, објаснуваат од НАСА.

Прва слика од вселенскиот телескоп „Веб“: Гледаме можности кои никој претходно не ги видел

Станува збор за многу млада ѕвезда, позната како протоѕвезда „L1527“ што е скриена во темнината покрај работа на ротирачки диск со гас на вратот од песочниот часовник. Светлината се излева од врвот кон долниот дел на дискот и ги осветлува облаците во форма на песочен часовник. Ваквите шарени облаци од прашина се видливи само со помош на инфрацрвена светлина, и поради тоа досега немало можност да се снимат.

Всушност, како што додаваат од вселенската агенција оваа фотографија прикажува како изгледале сонцето и соларниот систем во нивниот повој.

„Џејмс Веб“ е најмоќниот вселенски телескоп некогаш изграден и веќе има произведено мноштво податоци и зачудувачки слики. Изградбата на најсофистицираната опсерваторија траеше 30 години, а тоа чинеше 10 милијарди долари. Научниците се надеваат дека ќе претстави нова ера на откритија. Една од главните цели на „Веб“ е проучување на циклусот на ѕвездите, а другата цел е фокусирана на егзопланети, односно планети што се наоѓаат надвор од соларниот систем на нашата планета.

Во соопштението од НАСА стои дека прашината е најситна во сините делови, а најгуста во портокаловите. Притоа, протоѕвездата која е стара само 100.000 години се наоѓа во најмладата фаза на формирање и сè уште не е способна самостојно да генерира енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот