Телеграф: Доколку Русија стои зад саботажата на Северен тек, нејасно е зошто сега Москва го направи тоа

Сомнежите дека гасоводот Северен тек е саботиран звучи како да доаѓа од прирачникот на Владимир Путин за паника, ескалација и насочување на настани, пишува британски Телеграф.

Западните земји, за ваквата нелегална војна на поранешниот агент на КГБ, воведоа санкции без преседан. Но, сепак рускиот претседател е убеден дека неговиот народ може да ги издржи економските тешкотии многу подолго и подобро од Европејците.

Поради скокот на цените на бензинот и зголемувањето на трошоците за живот во Европа, пресметката на Путин е дека западот ќе биде безнадежно зависен од руските енергетски испораки и на крајот ќе го свртат бранот во негова корист, се додава во анализата.

Цените на бензинот во Европа паѓаат во последните четири дена, но вчера, по веста за веројатната саботажа на Северен тек, поскапеа за 20 отсто, додека во Велика Британија се зголемени за 33 отсто.

Гасоводот „Северен тек 2“ содржеше 117 милиони кубни метри природен гас во вредност од 237 милиони евра по сегашни цени. Но, Путин и претходно покажа дека е подготвен да жртвува вреден гас и да го користи како оружје. Во текот на август, Русија согоруваше гас во вредност од 9,3 милиони евра дневно во објектот во близина на границата со Финска наместо да го извезува во Европа.

„’Северен тек 2’ никогаш не профункционирал, а шансите тоа да се случи во блиска иднина се исклучително мали. ‘Северен тек 1’, кој долго време ја потхрануваше зависноста на Европа од рускиот гас, не е она што беше некогаш, а Русија повеќе не го вклучи од затворањето во август“, се додава во анализата на британски Телеграф.

Зошто Москва би го избрала овој конкретен момент за да го саботира Северен поток – под услов да се докаже дека Русија навистина стои зад саботажата?

ЕУ почна да работи на нов пакет санкции против Русија. На Путин му одговара да го скрши моралот на Европа во време кога европските влади се под притисок на гласачите, кои се плашат од падот на температурите што неминовно ќе следат со доаѓањето на зимата.

Времето за саботажа беше совршено. Новиот гасовод меѓу Норвешка и Полска беше пуштен во употреба вчера, токму кога почнаа да се појавуваат вести за можна саботажа. Се наоѓа многу блиску до „Северен тек 2“.

Новиот балтички гасовод е само еден дел од пошироките напори на Европа да најде алтернативни снабдувачи и да ги надополни резервите на гас пред зимските температури.

Од почетокот на војната во Украина, Норвешка почна да ја заменува Русија како главен снабдувач на природен гас за ЕУ. Подводните експлозии би можеле да бидат предупредување за Норвежаните за тоа што Русија би можела да направи со нивните гасоводи доколку бидат заглавени во ќош.

Местото на експлозиите на „Северен тек 2“ е многу блиску до новиот балтички гасовод.

Без норвешкиот гас, зимата во Европа секако би била долга, студена и скапа. Русија повторно се потпира на зимата, фактор што ѝ помогна да обезбеди победа во енергетската војна против Западот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот