Рама и Зеленски се слушнале по телефон, разговарале и за состојбата на фронтот

Албанскиот премиер Еди Рама остварил телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За разговорот на Твитер објави Зеленски кој наведува дека освен честитките по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, разговарале и за состојбата на воениот фронт. Тој наведува дека ја истакнал важноста од зголемена помошта за безбедноста на Украина, бидејќи на 24 февруари се навршува една година од почетокот на војната.
„Имав телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама. Тој ја честиташе 30-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите земји и го најави отворањето на амбасадата во Киев. Разговаравме за ситуацијата на фронтот, важноста од зголемување на безбедносната помошта во Украина и поддршката на нашата Формула за мир, пишува Зеленски.
Had a phone call with 🇦🇱 PM @ediramaal. Congratulated on the 30th anniversary of diplomatic relations between our states, noted the opening of 🇦🇱 Embassy in Kyiv. Discussed the situation at the front, the importance of increasing security aid to 🇺🇦 & support for our #PeaceFormula
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 13, 2023
Албанската министерка за Европа и надворешни работи, а потоа и Рама на социјалните мрежи објавија дека Албанија ќе отвори амбасада во Украина, која има амбасада во Тирана.