Телефонски разговор помеѓу Путин и Меркел за договорот од Минск и состојбата во Либија

. Во овој контекст, е потенцирана важноста за целосно и безусловно спроведување на пакетот мерки и решенија усвоени на средбите на врвот на Нормандиската четворка, вклучително и во Париз на 9 декември 2019 година.

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел за време на телефонскиот разговор се осврнаа на повеќе актуелни прашања во билатералните односи, вклучувајќи ја и взаемната соработка во борбата против ширењето на новиот коронавирус, соопшти Кремљ.

Двајцата лидери го потврдија недостигот на алтернатива на договорот од Минск, како единствена основа за решавање на внатрешноукраинскиот конфликт

. Во овој контекст, е потенцирана важноста за целосно и безусловно спроведување на пакетот мерки и решенија усвоени на средбите на врвот на Нормандиската четворка, вклучително и во Париз на 9 декември 2019 година. Путин и Меркел изразија поддршка за активирање на работата во таа насока со помош на лидерите на Русија, Германија, Франција и Украина, се наведува во соопштението.

– Владимир Путин и Ангела Меркел разговараа и за ситуацијата во Либија. Тие се согласија околу потребата да се надмине кризата во оваа земја, исклучиво преку политички и дипломатски методи и да се воспостави меѓулибиски дијалог, како што е предвидено во одлуките на Берлинската конференција од 19 јануари 2020 година и нивно гарантирање со Резолуцијата 2510 на Советот за безбедност на ОН, соопшти Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот