Телефонски разговор на Рама и Ципрас за повторно отварање на преговорите – Слободен печат
ВестиРегион

Телефонски разговор на Рама и Ципрас за повторно отварање на преговорите

После пет месеци повторно се отвара дијалогот помеѓу Тирана и Атина.

Премиерот на Албанија Еди Рама вчера имаше телфонски разговор со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

Според официјални извори, тема на разговорот биле подготовувањето на зачленувањето на Албанија во Европската Унија и реформите кои треба да се воведат за започнување на преговорите, јавуваат од ТВ Клан.

Со овој разговор повторно се отвара дијалогот помеѓу Тирана и Атина кој беше блокиран околу пет месеци по случувањата на 28 октомври.

Тема на разговор биле и регионалните прашања, билатералните економски односи, прашањата околу Јонското море и правата на малцинствата во двете земји.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close