Телефонски разговор на Путин и Курц за руската вакцина

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин и австрискиот канцелар Себастијан Курц телефонски разговараа за борбата против пандемијата, вклучително и можното доставување на руската вакцина „Спутник V” во Австрија и нејзино заедничко производство, соопшти прес-службата на Кремљ.

– Детално беа разгледани прашањата за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучително и можноста за достава на руската вакцина Спутник V во Австрија, како и за заедничко производство, се вели во соопштението.

Се додава дека се договорени натамошни „блиски контакти меѓу соодветните специјализирани агенции на двете земји”.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, разговорот е инициран од австриска страна.

Русија е прва земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирус на 11 август во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот