Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со српскиот патријарх Порфириј

Пендаровски-Порфириј, Фото: Кабинет на шефот на државата

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј, по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во разговорот, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, му се заблагодари на патријархот за одлуката, оценувајќи ја како можност за градење нови релации меѓу македонската и српската православна црква и надминување на горчливите теми од минатото.

-Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази надеж дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество, се наведува во соопштението.

ВИДЕО | Историски момент: СПЦ го прифати автокефалниот статус на МПЦ-ОА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот