Телефонски разговор Мицотакис – Гранди

Фото: МИА

Важноста на програмата за релокација на деца бегалци без придружба од Грција во европските земји, ја истакнал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на телефонскиот разговор со Високиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на Мицотакис соопштија дека грчкиот премиер, исто така потенцирал дека е особено важно во конкретната програма, што се спроведува во соработка со Европската комисија, да учествуваат што е можно повеќе земји – членки на ЕУ.

Гранди, за време на телефонскиот разговор ја изразил неговата поддршка до грчката влада за начинот на кој управува со пандемијата со новиот коронавирус.

Видео на денот