Телефонски разговор меѓу Путин и Зеленски за размената на заробеници меѓу Киев и Донбас

Путин и Зеленски/ Фото: ЕПА

Тие разговарале за Договорот за транзит на рускиот гас низ Украина.

Претседателот на Русија и на Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски денеска телефонски разговараа за развој на руско-украинските односи, соопшти Кремљ.

Како што се наведува во соопштението, Путин и Зеленски размената на заробеници помеѓу Киев и Донбас ја оцени како позитивен чекор, што е во согласност со Договорот постигнат на Самитот на Нормандиската четворка во Париз на 9 декември.

Тие разговарале за Договорот за транзит на рускиот гас низ Украина.

„Страните ја истакнаа важноста на пакетот претходно постигнат, кој предвидува продолжување на транзитот на рускиот гас во Европа низ Украина“, се истакнува во соопштението.

Телефонскиот разговор беше инициран од рускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот