Телефонски разговор меѓу Мицотакис – Плакиотакис за киднапираните Грци во Камерун

Мицотакис, од надлежниот министер побара да се направат сите неопходни активности од грчка страна за случајот да заврши без проблеми.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис телефонски разговарал со министерот за поморство Јанис Плакиотакис за вооружениот напад на грчкиот танкер и киднапираните Грци во Камерун, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, од надлежниот министер побара да се направат сите неопходни активности од грчка страна за случајот да заврши без проблеми.

Како што утрово објави МИА, во Камерун бил извршен вооружен напад врз грчки танкер, биле киднапирани осум од 28те членови на екипажот. Петмина од киднапираните се грчки државјани, двајца се Филипинци, а еден е од Украина. Еден од киднапираните Грци бил повреден, веројатно од огнено оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот