Телефонски разговор меѓу Ердоган и Мицотакис

Фото: Миа.мк

За потребата да се задржат отворени билатералните канали на комуникација, се согласиле грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и Ердоган разговарале за последиците од пандемијата на Ковид-19, како и за прашањата поврзани со отворањето на границите и обновување на туристичките бранови.

-Господинот Мицотакис и господинот Ердоган се согласија да ги одржат отворени билатералните канали на комуникација, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот