Телефонски измами: Половина од лажните кол центри се сместени во руските затвори

Фото: Профимедиа

Речиси половина од сите лажни телефонски центри се наоѓаат во затворите, рече заменик претседателот на Сбербанк Станислав Кузњецов за весникот известија.

„На луѓето не им се јавуваат злонамерни поединци, туку вработени во професионални кол-центри, а меѓу нив 40 до 50 отсто се во затворите. Забележавме дека измамници има во речиси секоја трета казнено – поправна институција во Русија“, рече тој.

Споре Кузњецов, еден телефонски центар од 50 „вработени“ упатува околу 20.000 повици неделно, а во половина од случаите претплатникот се јавува на телефон. Околу 70 отсто од нив одбиваат да разговараат, а измамниците продолжуваат да работат со останатите 30 отсто. Нивниот вкупен приход, според неговите зборови, се движи најмногу до 75 милиони рубљи месечно (околу 817 илјади евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот