Телефонот на Катица Јанева бил најден кај сестрата на девојката на нејзиниот син

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Иако синот на специјалната обвинителка Катица Јанева, Лазар, тврдеше дека телефонот на неговата мајка бил изгубен во Белград, според неофицијални информации, тој бил пронајден кај сестрата на неговата девојка, пренесува Телма.

Од обвинителството засега не ја потврдуваат информацијата за тоа каде е најден телефонот но тврдат дека е кај лице кое рекло дека е добиен на подарок.

Извори од СЈО пак за Телма велат дека токму девојката на синот на Јанева, е вработена во самото СЈО. Во специјалното обвинителство имало информации дека Јанева има и приватен втор телефон освен службениот, но со нив не разговарала од него.

Обвинителството за организиран криминал им наложило на мобилните оператори да го лоцираат преку неговиот ИМЕИ. Сега е одземен и даден на вештачење.

Инаку синот на Јанева е вработен во 1 ТВ и таа денеска потврди дека преку него е блиска и со сопственикот на медиумот Бојан Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот