Телефоните СЕКОГАШ паѓаат на екранот, тоа сега е и докажано – Научниците откриваат ЗОШТО тоа се случува

Фото: Илустрација

Можеби ова не мора да ви го кажуваме и веројатно и сами сте приметиле дека луѓето не можат да го тргнат погледот од својот телефон. Баш од таа причина и ги носиме секаде и ги користиме дури и во најчудните ситуации.

Но, дали сте приметиле колку пати вашиот нов телефон паднал и завршил на екранот? Може ли овој феномен да се спореди со лебот кој секогаш паѓа на страната на која е намачкан џемот?

Постои причина за тоа. Роберт Метјуз, физичар на Универзитетот Астон, открил дека главните виновници се материјалите од кои е направен вашиот нов телефон. Иако најчесто сте во заблуда дека тоа е заради лоша среќа, ви откриваме дека физиката игра главна улога во овој случај.

Утврдено е дека ако телефонот го држите лабаво во едната рака со прстите под центарот на гравитација на мобилниот (најчесто во случај на пишување пораки со една рака), поголема е шансата телефонот да се сврти преку врвовите на вашите прсти. Должината, гравитацијата и аголот на телефонот за време на падот играат важна улога. Така да, следниот пат кога вашиот екран ќе пукне не го кривете Марфиевиот закон – Се што мора да појде по зло, ќе појде – туку кривете ја физиката.

Јасно е дека вашите мобилни ви претставуваат пријатели и дека скоро никој не може без нив. Тоа е причината заради која вашиот скршен екран може да ви го уништи цел ден ако немате права опција за поправање. Нема полоша работа од тоа да го скршите вашиот нов телефон на првиот ден откако ќе го купите. А тоа најверојатно ќе ви се случи додека уште го немате исплатено, па купувањето на ново стакло ќе биде право мачење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот