Телефоните „прегорени“, столче ни за лек: Фризерските салони во Солун без слободен термин до Божик

Фото: openhousethessaloniki.gr

Во наредните десет дена, поточно до Божиќ, нема слободен термин во фризерските салони во Солун, вели претседателот на Здружението на бербери и фризери од Солун и околината, Павлос Коловос, јави дописничката на МИА од Атина.

Фризерските салони и берберниците беа последни што затворија пред почетокот на карантинот во Грција, а се отворија вчера по повеќе од еден месец и заедно со книжарниците и центрите за техничка проверка на возила се единствените бизниси во земјата што се отворени.

Претседателот на Здружението на бербери и фризери од Солун вели дека нивните телефони ѕвонат без прекин, агендите со термини им се полни,  а најчестиот „проблем” е тоа што сите клиенти сакаат да бидат први, бидејќи сметаат дека така ќе бидат позаштитени од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот