Телефон на принцот Хари бил хакиран, а кралското семејство го криело тоа од него

epa-efe
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот принц Хари вчера се појави пред судот во Лондон, каде адвокатот кој ја застапува групата британски таблоиди има намера да бара отфрлање на тужбата на принцот и други познати личности поради снимање на нивните телефон и нарушување на нивната приватност.

Ова рочиште е дел од една од неколкуте тужби кои принцот Хари, војводата од Сасекс, ги покрена против медиумите. Се очекува рочиштето да трае четири дена, а присуството на принцот Хари во Високиот суд во Лондон е знак за важноста која тој му ја придава на случајот.

меган маркл
Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: Lev Radin/ Profimedia

Медиумската група „Associated Newspapers“, издавач на весници како што е „Дејли Меил“, бара од судот да ги отфрли барањата на неколку лица од висок профил кои бараат отштета за злоупотреба на медиумите и незаконско стекнување на нивните приватни информации.

Принцот Хари за време на судењето изјави дека британското кралско семејство криело од него дека телефонот му бил хакиран бидејќи не сакале тој да поднесе обвинение.

Profimedia
Принцот Хари / Фото: Profimedia

Во изјавата за неговата тужба против „Дејли Мејл“, војводата од Сасекс рече дека бил принуден да се согласи со правилото наметнато од неговото семејство, кое било „никогаш да не се жали и никогаш да не објаснува“ во врска со односите со печатот.

„Во 2018 година станав свесен дека можам да поднесам тужба. Институцијата на кралското семејство криеше од мене информации за хакирањето на мојот телефон, а тоа ми стана јасно дури последниве години“, рекол принцот Хари, пренесува Скај Њуз“.

Тој исто така рече дека сите членови на кралското семејство никогаш не разговарале заедно дали некој поднел обвинение.

Принцот Хари и Меган Маркл
Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

„Секоја канцеларија во семејството е изолирана. Постои заблуда дека сите ние постојано комуницираме меѓу себе, но тоа не е точно“, рекол тој.

Принц Арчи и Принцеза Лилибет: Децата на Меган и Хари ги добија кралските титули на своите родители

Дали принцот Хари ќе ја изгуби американската виза поради користењето дрога?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот