Телата на руските војници се складираат во „ладни“ возови

Мртви тела Украина/ Фото EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Една од мрачните реалности на војната е справувањето со телата на загинатите во конфликтот – а тоа ги вклучува и руските војници.

Ројтерс ја раскажува приказната за специјализираните ладни возови со ладилници кои Украина ги користи за складирање на мртвите.

„Во овој фрижидерски воз се чуваат неколку стотици тела на руски окупатори. Повеќето од нив [биле] донесени од регионот на Киев, има и од регионот Чернихив, а исто така и од некои други региони“, изјави официјален претставник за новинската агенција.

Володимер Лајамзин, задолжен за цивилно-воена соработка, рече дека телата се складираат на овој начин за на крајот да бидат вратени во нивната татковина.

„Според нормите на меѓународното хуманитарно право, а Украина строго ги следи, по завршувањето на активната фаза на конфликтот, страните треба да ги вратат телата на војската на друга земја“, рече тој.

Има неколку такви возови низ целата земја, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот