Телата на двајца мигранти пронајдени покрај пругата кај Табановце

Пронајдени се две тела на починати мигранти крај пругата кај Табановце, соопшти вечерва полицијата, која сè уште врши проверки за утврдување на идентитетот.
„Денеска во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека крај железничка пруга во село Табановце, кумановско, биле пронајдени две тела на починати мигранти и сè уште се вршат проверки за утврдување на нивниот идентитет“, соопшти СВР Куманово.
Екипа на кумановската полиција извршила увид на место на настанот.
Видео на денот