Текстот на „Индекс“ доживеан како напад врз Србија и Александар Вучиќ

Фото: EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU

Уредничкиот колегиум на „Индекс“ наведува дека овој портал има критички став кон национализмот и шовинизмот и оттаму ваквите обвинувања се неосновани.

Текстотот под наслов „Вучиќ со пандемијата, ја води Србија во пропаст“, објавен од хрватскиот портал ,,Индекс”, предизвика бура на реакции и интерес во Србија. Според аналитиката која ја води овој сајт, текстот бил споделен со неверојатни 73.500 на Фејсбук, а само на порталот „Индекс“, овој текст бил прочитан 600 илјади пати.

Покрај овие бројки, според порталот, на Фејсбук и Твитер текстот испровоцира илјадници коментари и дебати, како и изрази на воодушевување и на поддршка.

Читателите на Индекс од Србија коментираат дека овој текст ја покажува вистинската слика за тоа како актуелниот српски претседател Вучиќ се однесува во време на пандемијата на коронавиурсот, и прв и единствен текст, кој според читателите кажува сè она што граѓаните на Србија го мислат, за начинот на кој Вучиќ управува со кризата.

Од друга страна, овој текст очекувано предизвика и реакција на таканаречените ботови, кои се координираат од страна на медиумската машинерија на Вучиќ.

Ваквиот критички текст веднаш беше оценет како „напад на хрватските медиуми врз српскиот народ“. Контра обвинувањата од страна на платените подржувачи на Вучиќ одеа до таму што написот на порталот Индекс беше оквалификуван како нарачка од страна на опозицијата во Србија, како и неетички чин на еден странски портал да се занимава со состојбите во друга држава. „Индекс“ треба да се занимава со големите пропусти во Хрватска, а не со Србија, гласат контра-обвинувањата на подржувачите на Вучиќ.

Во самата реакција, уредничкиот колегиум на Индекс наведува дека овој портал  има критички став кон национализмот и шовинизмот и оттаму ваквите обвинувања се неосновани.

„Текстот не е нарачан од никого, туку е напишан во договор со авторот и уредникот, што е легитимна технологија на работа. Тексотот е инспириран од состојбите на една соседна држава, а заклучоците се донесени врз истражувањето на авторот на медиумските настапи, соопштенија, реакции на социјалните мрежи и разговор со голем број на српски граѓани“, се вели во реакцијата на Индекс.

Коментар за овој текст на Индекс индиректно даде и самиот претседател Вучиќ. Тој изјави дека не му пречат написите на хрватските медиуми, како и дека текстот е реакција на фактот дека, како што рече: „Србија напредува многу побрзо од Хрватска“.

„Јас сум веројатно единствениот странски политичар против кого хрватските медиуми водат континуирана кампања, изјави  Вучиќ, кој додаде дека ја разбира омразата на Хрватска и нејзините медиуми кои се соочени со пораз на нивната држава во однос на напредокот на Србија. Можеби и јас така би реагирал доколку бев на нивно место“, изјави Вучиќ.

Но, се чини дека најголема одбрана на позицијата на српскиот претседател дојде од српското министерство за одбрана, раководено од  министерот  Александар Вулин. Во официјалното соопштение е оценето дека хрватските медиуми ја нападнале Србија и нејзиниот претседател и тоа темпирано, токму на денот кога во историјата, 8 април е познат како ден кога е формирана Независната држава Хрватска НДХ.

„Текстот на Индекс е всушност став на официјален Загреб кој задскриен од медиумите упатува непријателски гестови кон Белград. Негирањето на борбата на Србија и Вучиќ против коронавирусот е идентично со негирањето на хрватските власти со воената операција „Олуја“ во која беа протерани Србите од Хрватска“, се наведува во острата реакција на српското министертсво за одбрана, а потпишана од самиот министер Александар Вулин.

„Србија и Хрватска ќе ја излекуваат короната, но многумина во Хрватска никогаш нема да ја излекуваат омразата и комплексите кои ги имаат од Србија“, гласи жестоката реакција на српскиот министер за одбрана.

Што содржи текстот на Индекс?

Текстот на хрватскиот портал ,,Индекс” под наслов „Вучиќ преку пандемијата на коронавирусот ја води Србија во пропаст“, го критикува однесувањето и начинот на кој српското раководство и самиот Вучиќ ја водат борбата против епидемијата на корнавирусот.

Авторот на текстот Гордан Духачек во текстот коментира: „Мачно е да се гледа како Вучиќ и неговите соработници трошат повеќе време на пропаганда, одошто во  борба против коронавирусот. Србија потфрли во запирањето на ширењето на коронавирусот бидејќи бројката на инфицирани е над 2000 лица“.

Во натамошниот текст Духачек го критикува Вучиќ дека не успеал околу себе да ангажира тим на компетентни здравствени експерти, за да ја сопрат пандемијата. Но, според него, главниот виновник е самиот Вуќиќ кој покажа дека нема капацитет да се справи со епидемијата и да ја организира државата туку епидемијата на  коронавирусот ја користи за политичка пропаганда.

Духачек во тексот констатира дека Вучиќ со своите континуирани , како што ги нарекува, испади, закани и глумење им испраќа контрадикторни пораки на граѓаните што предизвикуваат паника, обвинувајќи го дека наместо сигурност, тој ја шири најголемата паника и хаос во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот