25 C
Скопје

Текстилните компании и „Гласен Текстилец”: Под итно да се донесе петтиот пакет на мерки

Веднаш да се донесе петтиот пакет на мерки, со кои ќе се субвенционираат платите на вработените, но и ќе се зачуваат работните места до јуни, апелираат работодавците од текстилниот сектор и Граѓанската организација „Гласен Текстилец”.

Кирил Нашков претставник на штипските текстилни компании во Кластерот за текстил вели дека црното сценарио за отпуштање на работниците е и до 50 отсто од вкупниот број на вработени во овој сектор, а голем дел од фабриките да се затворат.

– Уште лани ние кажавме дека ова ќе биде борба за вработените, борба за работни места и во време кога не напаѓаа дека ние печалиме на грбот на вработените. Ние уште ќе се бориме, до последен момент. Ние имаме луѓе кои кај нас се вработени и над 20 години, не е едноставно на тие луѓе да им се каже да си одат дома. Сите фирми ќе прават се што е во нивна моќ да ги задржат вработените, меѓутоа некое црно сценарио, јас би рекол некаде и можеби и до 50 отсто од вработените би можеле да ја загубат работата, вели Нашков.

Посочува дека најголем удар ќе има во текстилните градови Штип, Прилеп и Кочани. Неколку месечниот лок даун во Германија, кој продолжува и во април дополнително им нанесува удар, бидејќи зимската колекција стои во магацините, а сега е меѓу сезона. Бизнис секторот не знае и дали ќе имаат нови налози, бидејќи наредните месеци треба да ја шијат новата зимската колекција.

Кристина Ампева од Невладината „Гласен Текстилец”-Штип вели дека состојбата во текстилниот сектор е лоша. Апелира да се донесе петтиот пакет на мерки, со цел да се зачуваат работните места и работниците да не се соочат со откази за неколку дена.

-Пратениците и од опозицијата и од власта да престанат со политичките калкулации и да го изгласаат петтиот пакет на мерки. Со цел да се спасат работните места во оваа индустрија, вели Ампева.

Во текстилниот сектор лани поради корона кризата без работа останаа 6 800 работници, покажа истражувањето на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ). Текстилството вработува над 30 000 илјади луѓе во држaвата, а во вкупниот извоз учествува со 10 проценти.

Поврзани вести

Извлечен човечки труп од реката Вардар

МИА Агенција

Формирана анкетна комисија за разрешување на албанскиот претседател Мета

МИА Агенција

Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија

Слободен печат

ВИДЕО: Започна средбата помеѓу Пендаровски и Мицкоски

Слободен печат

Филипче: Нема ништо тајно и сомнително при набавката на кинеските вакцини

Слободен печат

Остави Коментар